Фудбалскиот клуб Барселона од минатата сезона е во потрага по напаѓач кој најпрвин би бил замена за Луис Суарез, а потоа би го наследил местото на Уругваецот.
Уругваецот е единствениот класичен напаѓа во Барселона, кога тој не е во можност да игра тренерот Ернесто Валверде мора да прави разни експерименти.
Неколку имиња се поврзуваа со Барселона во минатото, меѓутоа челниците на Барселона имаат желба да го решат овој проблем без да потрошат големи пари.
Весникот „Марка“ тврди дека Барселона внимателно го следи напаѓачот на Бетис од Севилја, Лорен Морон. Овој 25 годишник лани се афирмираше во екипата на Бетис, а сезонава е прв стрелец во лигата со седум голови.
Според овој извор Морон за Барса бил многу поевтина опција од Англичаните Хари Кејн и Маркус Рашфорд.
Барселона во јануари ќе е обиделе да го реализираат трансферот.
✅ Barcelona climb to the summit of the #LaLiga standings for the first time this season.
? Real Betis forward Loren Morón leads the way on the top scorers standings. pic.twitter.com/6AYl06fGeI
— SuperSport ? (@SuperSportTV) October 21, 2019