Top Sport

Мота: Џенова ќе продолжи да игра напаѓачки фудбал

Тијаго Мота, новиот тренер на Џенова, вели дека неговиот клуб ќе продолжи да игра напаѓачки фудбал и против Торино утре. Грифоне, каде што Мота му е тренер на својот поранешен соиграч, македонскиот капитен Горан Пандев, уште имаат проблеми со борбата за опстанок, откако освоија само два поени во последните четири меча од Серија А, но Мота е сигурен дека неговиот метод функционира.

„Од моето доаѓање, навистина ми се допаѓа сè што видов на тренинзите и на мечевите. Менталитетот кој го има Џенова, таа желба за пресинг и напад е вистински пат според моето мислење. Торино се силен тим и мораме да бидеме подготвени за борба. Но, сигурно ќе играме напаѓачки фудбал“, вели Мота.

Scroll to Top