Top Sport

Може и без Меси, Барселона ја победи Севилја (Видео)

Барселона ја победи Севилја со 4:2 во дерби мечот, одигран во рамките на деветтото коло во Примера. По триумфот во дербито Барселона се врати на челната позиција на табелата. Дербито мина во знакот на повредата на Лео Меси и неверојатните интервенции на Марк-Андре Тер Штеген.

Играчите на Барселона во раната фаза на мечот постигнаа два гола, инспиратор на првиот во втората минута што го постигна Кутињо беше Меси, а пет минути Аргентинецот го постигна вториот гол.

Во 17.минута Меси се повреди по еден дуел со сонародникот Франко Васкез. Тој ја напушти играта, а првичните информации се дека ги истегнал лигаментите на подлактицата.

И без Меси Барселона делуваше многу подобро на теренот од своите противници од Севилја.

foto: epa

До третиот гол на Барселона двата тима не искористија неколку добри шанси, а за обележување се двете врвни интервенции на Тер Штеген во 61.минута. Германцот во една иста акција најпрвин го одбрани ударот на Андре Силва, а потоа и на Васкез.

 

Две минути по шансите на Севилја, Луис Суарез избори пенал, кој потоа сам го реализираше за 3:0.

На десет минути до крајот Пабло Сарабија со помош на Ленгел успеа да ги измами Тер Штеген и да намали на 3.1. Во 85.минута повторно на сцена стапи Тер Штеген, кој на волшебен начин ги одбрани ударите на Мјуриел и Сарабија.

 

Барселона веднаш потоа ги казни промашувањата на противниците. Иван Ракитиќ во претпоследната минута со волеј го совлада Вацлик.

Точка на натпреварот со убав гол стави Мјуриел во 91.минута.

По ова коло Барселона на врвот има 18 бода, еден повеќе од изненадувањето Алавес, два повеќе од Севилја и Атлетико Мадрид и четири од најголемиот ривал Реал.

Во наредното коло од 16:15 часот на Барселона ќе го пречека Реал Мадрид.

Scroll to Top