Данската фудбалска федерација потврди дека отворила истрага откако локалните медиуми тврдеа дека пред квалификациски меч за СП во 2022, тие имале луда забава во еден хотел, во која биле „премногу блиски“ со дел од женскиот персонал од хотелот.
Пред гостувањето кај Молдавија минатата сабота, репрезентацијата била собрана во хотелот „Мариенлист“ во Хелсингор, и данските медиуми го објавија имејлот на менаџерот на хотелот, Михаел Лауритсен, кој се жалел на својот персонал.
„За жал, дел од нашите вработени беа премногу пријателски кон репрезентацијата. Не мислев дека тоа може да се случи во моите најлуди соништа. Морам да ве потсетам да се однесувате професионално и да не се дружите приватно со фудбалерите во нивните соби“, се вели во пораката на Лауритсен, кој призна дека морал да казни две членки на неговиот персонал.
Сепак, лудите забави не влијаат на перформансите на данската репрезентација – тие ги победија Молдавија со 4:0 пред да го запечатат местото на Светското првенство со 1:0 победа над Данска во вторникот.