Top Sport

Можна ли е ваква размена, Пјаниќ за Погба!?

Британски „Метро“, во своето денешно издание најавува уште една сензационална размена во фудбалскиот свет. Откако Милан и Јувентус ги разменија Леонардо Бонучи и Гонзало Игуаин, „Метро“, најавува размена во која повторно би бил вклучен Јувентус, а од другата страна стои Манчестер јунајтед.

Прашање е дали сценариото што најавува „Метро“ е можно, односно Пол Погба да се врати во Јувентус, а во спротивен правец да замине Миларем Пјаниќ.

Погба, кој одигра одлично на Светското првенство во Русија, не е во добри односи со менаџерот Жозе Мурињо и самиот би сакал да замине од Манчестер јунајтед. Погба посакува да се врати во Јувентус, каде се етаблираше како еден од најдобрите светски играчи на својата позиција.

За да му дозволи на Французинот да замине, Мурињо го сака во тимот Пјаниќ, чии квалитети исклучително ги цени.

Размената нема да биде лесна, бидејќи Барселона наводно започнала преговори за Погба, а Пјаниќ е на мета на Манчестер сити и Челси.

Какви и да се намерите на двата клуба, доколку имаат намера да ги реализираат ќе мора да побрзаат бидејќи преодниот рок во Англија завршува в петок, на 9.август.

Scroll to Top