Откако холандскиот премиер Марк Руте објави дека до 1 септември постои забрана за организирање на јавни настани, Холандската фудбалска федерација се најде во незгодна ситуација да мора да го прекине шампионатот во позиција во која Ајакс и АЗ Алкмар се израмнети на врвот на Ередивизие, и вестите од оваа земја велат дека е можно државата да добие два шампиони.
Кралската холандска фудбалска федерација (КНВБ) во петок има состанок со УЕФА, на кој се можни две сценарија – да се обиде да се издејствува да се одиграат мечевите без присуство на публика, но и да се прекине шампионатот, а Ајакс и АЗ да ја добијат титулата, иако Ајакс е прв со подобра гол-разлика. Последен пат Холандија немала шампион во 1945 година поради Втората светска војна.
Нивните соседи во Белгија пак, се соочуваат со поинаков предизвик – тие веќе објавија дека сезоната се прекинува, а Клуб Бриж е шампион, но УЕФА и понатаму „притиска“ да се промени одлуката и да се доврши шампионатот.