Top Sport

Можно е Серија А да заврши со плеј-оф

Здружението на италијанските прволигаши објави дека Серија А би можела да продолжи на 13 јуни со густ распоред. Сезоната во Италија е прекината на 9 март, а до крајот треба да се одиграат уште 12 кола. Доколку продолжи сезоната во Серија А ќе се играат натпревари секои три дена.

„Проблем е што се ќе биде прекинато доколку еден играч биде позитивен на коронавирусот. Тоа значи дека тимот ќе мора да оди во карантин, веројатно истото ќе ваѓи и за нивните противници. Тоа би значело дека тие не би можеле да играат две недели. Тоа е објективен проблем“, рекол првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина.

„Го разгледуваме сите опции. Се договоривме да продолжиме на 13 јуни, но доколку биде потребно можеби ќе мора да организираме плеј-оф и на тој начин да ја завршиме сезоната“, дополнил Гравина.

Scroll to Top