Ветераните на Израел и Бразил во Хаифа одиграа пријателски натпревар, победија „кариоките“ со 4:2.
Пред 20.000 гледачи ветераните играа две полувремиња по 35 минути, а на теренот беа ѕвезди како Роналдињо, Бебето, Кака, Кафу, Роберто Карлос и Ривалдо.
Головите за Бразил ги постигнале Бебето, Роналдињо, Кака и Марсио Аморусо, а за Израел Харази и Катана.
Целото шоу во Хаифа го заокружила судијката која во еден момент без причина на Кака му покажала жолт картон, а потоа веднаш го извадила мобилниот телефон и го замолила да направи „селфи“.
https://twitter.com/FootbaII_HQ/status/1189293433539780608