Менаџерот на Астон вила, Стивен Џерард и неговите фудбалери беа исвиркани од публиката на „Вила парк“ по 0:1 поразот од Вест хем, трет пораз на тимот од Бирмингем оваа сезона, зголемувајќи ги шпекулациите дека работата на легендата на Ливерпул е под закана.
42-годишниот Џерард вели дека ја сфаќа фрустрацијата на навивачите, но вети дека ќе има подобрување на формата на тимот.
„Имам две уши и слушам многу работи. Ја слушнав фрустрацијата на навивачите, бидејќи како што проверив последен пат слухот ми е добар. Во овој спорт сум долго време и ако загубиш три меча од првите четири, тоа не е старт кој навивачите ќе го поддржуваат. Секако, ги разбирам. Сега можеме само да работиме за да ги вратиме работите на вистински пат. Имаме сили да добиеме резултати и да се кренеме на табелата“, вели Џерард.