Top Sport

Му се потсмеваат за Пјаниќ за каталонскиот јазик: Шта болан рече? (видео)

Миралем Пјаниќ е нов фудбалер на Барселона, и откако призна дека секогаш сакал да настапува за каталонскиот клуб, реши на фановите да им се обрати на каталонски јазик, што не помина најдобро кај неговите пријатели на Инстаграм.

„Многу сум среќен, ќе дадам сè за овој клуб. Се гледаме наскоро“, рече Пјаниќ на „искршен“ каталонски јазик на Инстаграм.

Под видеото, веднаш се појавија интересни коментари на неговите пријатели.

„Шта болан рече?“, напиша Един Џеко, додека Звјездан Мисимовиќ додаде: „Gjsbdblekxbwnkyvejyvw“, а Еврин Зукановиќ му порача: „Ова е сè освен шпански, да не зборуваш јапонски?“. Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен му прати најдобра порака: „Ма ајде ти на нашки брате, остави го ова ниту гугл тренслејт не го преведува“.

Scroll to Top