Диего Армандо Марадона не успеа со Дорадос да избори пласман во Првата лига на Мексико. Финалето за пласман во повисок ранг им припадна на фудбалерите на Атлетико од Сан Луис.
Дорадос првиот меч го добија со 1:0, а во реваншот беа поразени по продолженијата со 4.2.
По завршувањето на натпреварот, Марадона падна на провокациите што му ги приредија навивачите на Атлетико, меѓу кои имало многу жени.
„Maradona se la come“, што во превод значи: „Марадона пуши к..“.
Навивачите покрај тоа што пееле навредливи песни го снимале Марадона со мобилните телефони, што дополнително го разбеснело Аргентинецот.
Тој тргнал со тупаници да се пресмета со навивачите, но инцидент спречиле неговите телохранители и обезбедувањето на стадионот. Тие некако успеале да го пикнат во лифтот.
Circula en redes un video de Maradona soltando golpes cuando salía del palco donde observó la Final del @AscensoMX entre @Dorados y @AtletideSanLuis
? @mauriciopedroza pic.twitter.com/sLjXHx48Qn
— CANCHA (@reformacancha) December 3, 2018
Но кога излегол надвор, луд од нервоза, се обидел да се врати назад, меѓу оние што го навредувале, со цел да се пресмета со нив.
Додека обезбедувањето му го попречува патот тој викал: „К…..и синови, да ви ја е..м мајката“.
Покрај тоа Марадона се обидел физички да се пресмета и со еден новинар, а снимките од инцидентот бргу се рашириле по социјалните мрежи.