Пол Погба на совршен начин одговори на извиците „измамник“ и свирежите кои ги доби од навивачите на Вулверхемптон, откако по крајот на мечот наместо да ги провоцира, доби аплаузи откако го подари својот дрес на еден возбуден навивач на противничкиот тим.
Навивачите беа незадоволни откако сметаа дека победничкиот гол на Мејсон Гринвуд требаше да биде поништен поради претходниот фаул кој Погба го направи над Рубен Невеш. Погба по мечот изјави дека се работело за „50-50“ старт.
„Не го допрев. Ова е Премиер лига, стартот беше 50-50, секој викенд има такви стартови. Ја добивме топката и дадовме гол“, изјави Погба.
Wolves fans chanting ‘cheat, cheat, cheat’ at Pogba. He then gifted his shirt to a Wolves fan and got a round of applause. #mufc #WOLMUN pic.twitter.com/72F8F7IZ09
— Samuel Luckhurst (@samuelluckhurst) August 29, 2021
Wolves were fans chanting 'cheat,cheat,cheat' at Pogba. He then gifted his shirt to a Wolves fan and they all applauded him pic.twitter.com/LgASTE9DfT
— RiZzy? (@RiZzyUTD) August 29, 2021