Јусуфа Мукоко потпиша продолжување на договорот со борусија Дортмунд, откако околу 18-годишниот талент имаше голем број на шпекулации дека ќе премине во Челси, Манчестер јунајтед или Барселона. Засега, тинејџерот, кој има шест гола и шест асистенции оваа сезона за „милионерите“ сигурно останува на „Сигнал Идуна Парк“ барем до 2026 година.
Во Дортмунд можат да здивнат, посебно бидејќи неговиот договор завршуваше на крајот на сезоната.
„Не е тајна дека се чувствувам фантастично во БВБ. Играв во младинскиот тим, тука ги направив првите чекори во професионалниот фудбал и сега сум подготвен за нов чекор напред во мојот развој. Чувствувам огромна доверба од тренерскиот тим и имам совршена шанса да бидам многу подобар. Ми ласкаше интересот од другите клубови, но моето срце е со Борусија“, изјави Мукоко.
Borussia Dortmund and Youssoufa Moukoko have agreed to work together until 2026 ✍️ pic.twitter.com/W0SqRT6Zsr
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) January 21, 2023