По Пеп Гаврдиола, нов стратег од Шпанија е пред вратите на Баерн Минхен, јавува „Мундо Депортиво“.
Според неофицијалните информации, Хулен Лопетеги би можело да го наследи Хрватот Нико Ковач на клупата на Баварците.
Информациите се дека спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ се состанал со Лопатеги во Мадрид околу можноста да ја преземе клупата на баварскиот клуб.
Ковач одамна се наоѓа на мета на јавноста која го критикува поради променливите резултати и неубедливите игри. Иако екипата е на чекор до нова шампионска титула во Бундес лигата, сепак во ЛШ сезонава беше елиминирана уште во осминафиналето, од тимот на Ливерпул.
Лопетеги е без ангажман уште од минатиот октомври кога доби отказ од Реал Мадрид.
Три сезони по ред, од 2013 до 2016 на клупата на Баерн беше уште еден Шпанец, Пеп Гвардиола кој со клубот освои три титули во домашното првенство и два купа на Германија.