Поради недисциплина и кршење на клупските правила фудбалскиот клуб Барселона му одредил казна од 200.000 евра на Усман Дембеле. Оваа информација ја пренесе највлијателниот каталонски медиум „Мундо депротиво“.
Францускиот репрезентативец, во неделата, два часа доцнел на тренингот кој бил закажан за 11 часот. На тренерот Валверде тој му рекол дека се успал.
Дембеле, синоќа, играше против Тотенхем во Лигата на шампионите и постигна извонреден гол, но очигледно тоа нема да му ја намали казната.
Од „Ноу Камп“, ниту ја потврдиле, ниту пак ја демантирале оваа информација. На прашањето на весникот од клубот само кусо одговориле дека „тоа се клупски работи“.