Барселона и Атлетико Мадрид наводно направиле нацрт-договор околу трансферот на Антоан Гризман. Како што објави весникот „Мундо депортиво“, Гризман наредното лето ќе се пресели во Барселона за сума од 100 милиони евра.
Според истиот извор, темелите на договорот се поставени, а францускиот репрезентативец ќе потпише петгодишен договор и ќе заработува 20 милиони евра по сезона.
Според весникот, Гризман бил мотивиран да игра во нападот покрај Лионел Меси и Луис Суарез.
Гризман минатото лето го продолжи договорот со Атлетико до 2022 година, во кој откупната клаузула за минатиот преоден рок изнесуваше 200 милиони евра, но од јуни 2018 година откупната клаузула во неговиот договор повторно ќе биде 100 милиони евра.
Каталонскиот медиум тврди дека Атлетико сака да го продаде 26-годишниот напаѓач бидејќи тој од почетокот на сезоната игра во лоша форма и има постигнато само три гола.