Адријен Рабио, по завршувањето на сезоната, ќе се пресели од ПСЖ во Барселона, тврди весникот „Мундо Депортиво“.
Според истиот извор, мајката на Рабио која е негов менаџер, ги одбила понудите на Јувентус и Интер и со челниците на Барселона, Ерик Абидал и Пеп Сегира, ги договорила сите услови за трансферот да биде реализиран.
Рабио реши да го напушти ПСЖ, поради што пред еден месец ги прекинал сите преговори со клубот околу потпишувањето на новиот договор.
Барселона овој 23-годишен играч ќе го добие бесплатно, иако во клубот не ги потврдуваат ниту пак демантираат тврдењата на „Мундо Депортиво“.
Весникот пишува дека во Барселона не брзат бидејќи не сакаат да им се повторат случаите со Дани Себаљос и Антоан Гризман, кои требаа да завршат на „Ноу Камп“, но на крајот Себаљос замина во Реал, а Гризман остана во Атлетико Мадрид.