Top Sport

Мундо депортиво: Ракитиќ кажал да на Севилја

Иван Ракитиќ ова лето ќе ја напушти Барселона и ќе се врати во својот стар клуб Севилја, тврди шпанскиот весник „Мундо депортиво“.

Хрватскиот репрезентативец има договор со Барса до следната година и претходно изјавуваше дека не планира да си замине од „Ноу Камп“ и дека очекува нов договор, но неговото место во стартниот тим веќе го нема по доаѓањето на Френки де Јонг минатото лето, но и Миралем Пјаниќ во овој преоден рок.

Според „Мундо“, Барселона не сака да остане без пари од неговиот трансфер, но нема да го „притиска“ Ракитиќ за заминување, посебно бидејќи тој шест сезони се однесувал како џентлмен во клубот.

Севилја е подготвена за трансфер на Ракитиќ, што би претставувало враќање на местото каде што ја запозна својата сопруга Ракел. Клучен човек во трансферот би бил спортскиот директор на Севилја, Мончи, кој го донесе Ракитиќ на „Рамон Санчез Писхуан“ во 2011 година од Шалке. Ракитиќ играше во Севилја од 2011 до 2014 година и во 149 меча постигна 32 гола и имаше 41 аситенции.

Scroll to Top