Top Sport

Муние за журките на Нејмар: Оженети се забавуваат на втор, слободни на прв кат

Во овој преоден рок, Томас Муние (28) го напушти тимот на ПСЖ и прејде во редовите на Борусија Дортмунд. Веднаш по доаѓањето во Германија тој раскажа како се одвивале забавите во Париз организирани од Нејмар. Муние вели дека на забавите на вториот кат биле оженетите, додека на првиот се наоѓале слободните момци.

„Само роденденски забави, неверојатно. Кога бев во Бриж, славевме родендени играјќи пикадо или во базен, но овде е некое повисоко ниво. Изнајмувате палата и правите забава за стотина луѓе. Тогаш гледате дека сите се повеќе од фудбалери, тие се ѕвезди. Журките беа добри, но сето тоа беше малку екстравагантно“ вели Муние.

Журките на Нејмар се надалеку познати, својот роденден во февруари обично го слави во ноќниот клуб „YoYo“ – скап локал на неколку минути од Ајфеловата кула.

Играчите беа раштркани по целиот клуб, на два ката, така ги подели Нејмар. Оженетите на втор кат, а слободните на првиот, раскажува Муние.

Нивниот соиграч Андер Херера тогаш на прашање на новинарите што се случувало на забавата само кратко одговори

„Подобро да ме прашате што не се случуваше“.

Scroll to Top