Top Sport

Мурињо: 14 пати играм во ЛШ, 14 пати сум поминал

Манчестер јунајтед, синоќа, успеа да го победи Јанг Бојс со голот на Маруан Фелаини во 91.минута и на колот до крајот на фазата по групи да се пласира во осмина-финалето.

„Црвените ѓаволи“ одиграа уште еден лош натпревар оваа сезона, меѓутоа победата во финишот беше доволна за менаџерот Жозе Мурињо да ги „пецне“ критичарите.

„За некои мои обожаватели, посебно за оние што се занимаваат со статистиката – 14 пати сум играл во Лигата на шампионите и 14 пати моите екипи се пласирале во осмина-финалето. Два пати сум играл во Лига Европа и сум успеал да ја освојам. Ете податоци за статистичарите“.

Откако ја завршил таа пресметка, Мурињо се префрлил на Маркус Рашфорд, чии промашувања од изгледни позиции му ги истенчија нервите на Португалецот.

„Не постигнуваме доволно голови, но тоа не е само до Маркус туку е до целиот тим. Меркус се движи, трча, напорно работи и со топката и без неа. Но, дали има право менаџерот да покаже некаква реакција? Можам ли јас тоа да го направам покрај аут линијата, на местото каде што не успеале да се најдат многумина што сега го коментираат фудбалот. Лесно е да се гледа фудбал на телевизија“, заклучил Муруњо.

Scroll to Top