Жозе Мурињо бил подготвен да се врати во Премиер лигата. Тој е без работа од декември минатата година кога доби отказ во Манчестер Јунјтед. Претходно во Премиер лигата го предводеше Челси.
Мурињо со Челси ги освои сите трофеи во Англија, а со Манчестер Јунајтед триумфираше во Лига кушот и Лига Европа.
„Сан“ пишува дека 56 годишниот тренер бил заинтересиран за работа во Арсенал, каде сериозно му се тресе столчето на Унаи Емери.
Мурињо се поврзува и со Тотенхем, но според иститот извор мали се шансите Покетино да си поднесе оставка.
Португалецот има можност да стане единствениот тренер што ги предводел Јунајтед, Челси и Арсенал.