Жозе Мурињо јасно порача дека не е подготвен да си замине од Манчестер јунајтед на крајот на сезоната, опишувајќи го таблоидот „Дејли мејл“ и нивниот напис за заминување на крајот на сезоната како „ѓубре“.
Португалскиот стручњак вели дека преговара за нов договор со тимот од „Олд Трафорд“, и дека тимот мора да потроши уште пари за да се освои титулата од Премиер лигата.
„Велам ѓубре. Не можам да најдам подобар збор да се опише тоа“. Најлошото нешто што некој може да го направи е да се сомнева во мојот професионализам, во мојата деталност околу работата, така што да, тие ѓубре вести влијаеја така на мене. Повторувам – во средината на договорот сум, дали ќе потпишам нов зависи од клубот, но мојата посветеност е целосна и сакам да останам во Манчестер“, изјави Мурињо.
Тој има тригодишен договор кој му истекува во 2019 година, а британските медиуми велат дека веќе има детални преговори со извршниот потпретседател на Јунајтед, Ед Вудвард и советниците на Мурињо за продолжување на престојот. Мурињо вели дека неговото однесување и незадоволство не значат ништо.
„Се гледам тука. На крајот, тоа е прашање за клубот, за бордот и за сопствениците, за господин Вудвард. Мислам дека тие се задоволни од мојата работа и дека сакаат да останат. Бидејќи не се однесувам како кловн значи дека ја загубив страста? Повеќе сакам да работам како што работам, позрело, подобро за мене и за клубот. Не морам да бидам луд на линијата. Начинот на кој личноста е посветена на својата работа нема врска со тоа што гледате на камерите“, вели Мурињо.
Шпекулациите дека Мурињо е незадоволен доаѓаат откако неговиот тим падна на 15 поени зад Манчестер сити, каде што менаџер е неговиот стар ривал Пеп Гвардиола. Јунајтед во последниот меч го совладаа Евертон со 2:0, но претходно имаа три ремија во низа – против Лестер, Барнли и Саутемптон.
Изворите од клубот велат дека Мурињо останува насмеан на тренинг-терените во Керингтон и ги отфрлија тврдењата на „Дејли мејл“ дека тој се повлекол и ретко зборува со своите помошници.
И покрај тоа што тој патува до својот дом во Лондон, каде што живее неговото семејство, тој е присутен на тренинг-терените кога првиот тим е таму за разлика од Сер Алекс Фергусон, кој во последните години ги пропушташе тренинг-сесиите.
Коментарите дека треба да се потрошат повеќе пари на тимот има повеќе врска со „просечниот“ тим кој го наследи од Луис ван Гал, но не е критика на парите кои му се достапни на Португалецот во 18-те месеци на клупата.