Жозе Мурињо признава дека нема објаснување по „колапсот“ во Загреб и 3:0 поразот од Динамо со кој беа елиминирани од осминафиналето на Лига Европа, велејќи дека е немоќен и загрижен од однесувањето на своите фудбалери.
„Не не фатија на изненадување, тоа е сигурно. Пред мечот им кажав на играчите да играат за победа. Да играат за доминација. Не верувајте дека со 1:0 или 2:1 пораз е океј да се помине. Дури и на 0:0 им кажав не верувајте во резултатот. Така што не беа изненадени. Ме загрижува што не реагираат на моите совети. Работиме напорно да имаме најдобри услови за фудбалерите да покажат што умеат. Сега, како тренер, треба да излезам и да правам анализа, се надевам дека го сфаќате тоа. Мораме да бидеме скромни и да ги прифатиме сите критики“, вели Мурињо.