Top Sport

Мурињо: Динамо не ми го нанесе најболниот пораз во кариерата

Елиминацијата на Тотенхем , од Динамо Загреб, во осмина-финалето во Лига Европа се уште е едена од главните спортски теми во Англија. Динамо, во четвртокот, со хет-трикот на Мислав Оршиќ, го победи Тотенхем со 3:0.

Англиските медиуми жестоко го критикуваат Жозе Мурињо, за она што го покажале неговите фудбалери не само против Динамо, туку и во најголемиот дел од тековната сезона.

Мурињо открил дека се чувствувал лошо по елиминацијата, но дека поразот од Динамо не е најболниот во неговата кариера.

„Најболите порази во кариерата ги доживеав со Челси и Реал Мадрид, кога на пенали бев елиминиран од полу-финалето во Лигата на шампионите. Некои луѓе фудбалот го гледаат низ парите, за нив тоа е можност да заработат. За мене е нешто повеќе. Поради тоа никогаш не ги губам основните постулати на фудбалот: страста, срцето и желбата“, рекол освојувачот на Лигата на шампионите со Порто и Интер.

Scroll to Top