Top Sport

Мурињо до новинарите: Вашата работа е многу полесна, затоа заработувам многу повеќе од вас

Жозе Мурињо повторно ги загуби нервите откако неговата Рома колабираше со 0:3 пораз од Интер, по што бесот го искали на новинарите.

Хакан Чалханоглу, Един Џеко и Дензел Дамфрис постигнаа голови во првите 39 минути за да го замолчат „Олимпико“ и да му го нанесат вториот пораз на тимот на Мурињо по 1:0 поразот кај Болоња и на прес-конференцијата одби да одговори на прашањата на новинарите, туку им даде саркастичен коментар.

„Вашата работа е многу полесна од нашата, и затоа јас заработувам многу повеќе од вас“, изјави Мурињо, по што одби да одговара на преостанатите прашања.

Scroll to Top