Top Sport

Мурињо: Едвај го срушивме „Берлинскиот ѕид“

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо ја спореди одбраната на Хадерсфилд таун со „Берлинскиот ѕид“ по нивната 2:0 победа во саботата.

Јунајтед доминираа во поседот на топката и креираа доста шанси, но тимот на Дејвид Вагнер одлично се бранеше сè додека Ромелу Лукаку не уфрли по додавањето на Хуан Мата, за Алекс Санчез да го комплетира триумфот откако прво неговиот пенал беше одбранет од Јонас Лесл.

„Бевме во контрола на мечот, но на полувреме беше 0:0. Имавме можеби 85 отсто од поседот, но тоа не беше доволно. Моравме да бидеме трпеливи, да го заддржиме интензитетот и притисокот. Моравме да го срушиме ’Берлинскиот ѕид’ толку добро поставен од Дејвид Вагнер“, вели Мурињо.

Scroll to Top