Top Sport

Мурињо: Ејбрахам и Белоти имаа црвени уши бидејќи врескав на полувреме

Жозе Мурињо признава дека гостинското 1:1 реми против Реал Бетис „дава живот“ на Рома во Лига Европа, но ги нарече сопствените напаѓачи Теми Ејбрахам и Анреа Белоти „катастрофални“ за нивните перформанси во првото полувреме.

„Ова беше меч под голем притисок, вреден за бараж. Да загубевме денеска, ќе беше готово и затоа бевме под притисок кога губевме на полувреме. Со сите повреди и целиот умор, имавме срце да се вратиме во второто полувреме. Сега, ако не победиме на последните два меча ќе испаднеме, така што не треба да чекаме никого. Во првото полувреме бевме катастрофални во нападот. Ејбрахам и Белоти не го направија тоа што го барав од нив, а потоа на полувреме излегоа со зацрвенети уши бидејќи им врескав многу на полувреме. Во второто полувреме беа подобри бидејќи работеа заедно“, вели Мурињо.

Scroll to Top