Top Sport

Мурињо: Германците и Бразилците да се „спуштат на земја“

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, внимателно го следи и коментира она што се случува на светското првенство во Русија. Пред неколку дена прогнозираше кои селекции ќе влезат во нокаут рундата, а потоа излезе и со коментар за настапите на фаворитите.

Мурињо се израдувал на победата на Мексико над Германија, но и на нерешниот резултат на дуелот помеѓу Бразил и Швајцарија. Овие неочекувани резултати се случија во неделата, а Мурињо денот го нарекол „неверојатен за фудбалот“.

„Веројатно е ова добро за да се спуштат на земја“, рекол португалскиот тренер.

Сепак тој не се сомнева дека двете репрезентации (Германија и Бразил) ќе се пласираат во осмина-финалето.

„Ќе ја поминат првата фаза. Мислам дека самите знаат колку се добри и знаат како да ги исправат грешките. Ваквите резултати се добри за да се смират нивните сонародници“, дополнил Мурињо.

Германија наредниот натпревар го игра в сабота против Шведска, додека петкратниот светски првак Бразил ден претходно ќе игра против Костарика.

Scroll to Top