Top Sport

Мурињо ги означил трансфер целите за зимскиот преоден рок

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, сака во тимот да донесе четворица играчи од просторите на поранешна Југославија, меѓутоа раководството на клубот смета дека тоа е преголем ризик. Мурињо во тимот ги сака Хрватите Иван Перишиќ и Анте Ребиќ, односно Србите Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Никола Миленковиќ, кого неодамна го гледаше во Подгорица на мечот Црна Гора-Србија.

Мурињо две години се обидува, но не успева да го донесе Перишиќ во Манчестер јунатед, додека неговиот сонародник Ребиќ предмет на интерес стана во текот и по завршувањето на Светското првенство.

Исто така, во летниот преоден рок, клубот покажа интерес за Србинот Милинковиќ-Савиќ, но раководството не сакаше да плати 120 милиони евра, колку што тогаш бараше Лацио за својот играч.

Менаџерот на Јунајтед не се откажува од намерите да донесе засилувања на крилните позиции, во редот за врска и во одбраната. Дефанзивата според него е исклучително лоша и поради тоа како решение за проблемите во тој дел го гледа 20-годишниот Миленковиќ, за кого Атлетико Мадрид во летниот преоден рок понуди 30 милиони евра и еден фудбалер, но Фиорентина ја одби понудата.

Прашање е дали клубот ќе му дозволи на Мурињо во јануарскиот преоден рок да реализира некој од овие трансфери, бидејќи клубот традиционално не е премногу активен во зимскиот преоден рок.

Исто така, Ед Вудворд и членовите на управниот одбор на клубот, од Мурињо уште во летниот преоден рок побарале да ги продаде фудбалерите на кои не смета сериозно за да можат да бидат обезбедени средства за нови засилувања.

Scroll to Top