Тотенхем вчера среде „Олд Трафорд“ го декласира Манчестер Јунајтед со 6:1. На својот поранешен клуб Жозе Мурињо му нанесе еден од најтешки порази на домашен терен во клупската историја.
По мечот на прес-конференцијата, новинарот на „Спортклуб“ му рекол на Мурињо дека победата била во стилот на Новак Ѓоковиќ, 6:1 во првиот сет.
„Новак тоа редовно го прави, нам не ни е лесно да постигнеме таков резултат. Против клуб каков што е Манчестер Јунајтед тоа може да се случи еднаш во ѓивотот, еднаш во кариерата“, рекол Мурињо.
Манчестер Јунајтед на овој меч први постигнаа гол, во втората минута, Тотенхем направија пресврт во наредните шест минути, а по исклучувањето на Марсијал во 30 минута Спарси го декласираа ривалот.