Top Sport

Мурињо го кажа мислењето за Сари: Навистина не го познавам

Жозе Мурињо по интернационалната пауза ќе се судри со својот поранешен клуб Челси, каде што Манчестер јунајтед ќе се обидат да излезат од лошата форма.

Пред натпреварот, Португалецот коментираше за квалитетите на новиот тренер на Челси, Маурицио Сари, кој ги освои сите во Англија со својот „Сари-бол“, или како што преферираат да кажат Италијанците „саризмо“, стил на напаѓачки фудбал со контрола на топката.

„Навистина не го познавам. Кога бев во Италија од 2008 до 2010, тој не беше во Серија А. Никогаш не сум се сретнал, ниту сум играл против него. Само го следам фудбалот и добрата работа која ја направи со Наполи. Сите добри менаџери сакаат да дојдат во Англија, бидејќи тука има лудо натпреварување на највисоко ниво и мислам дека секој би сонувал да работи тука. Во Челси има фантастичен тим, фудбалери и луѓе околу него, така што ќе може да се докаже“, вели Мурињо.

Scroll to Top