Двете средби против Манчестер Јунајтед беа доволни голманот тинејџер, Милер Свилар, да го импресионира менеаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, кој планира да го донсе на „Олд Трафорд“.
Најмладиот голман кој бранел на натпревар во Лигата на шампионите и кој одбранил пенал во елитното натпреварување, во два натпревари прими три гола против Манчестер Јунајтед.
И покрај неискуството, Свилар во дебито на големата сцена покажа огромен потенцијал.
Португалските медиуми тврдат дека Мурињо покажал сериозен интерес за голманот кој има српски корени, но во младинските категории бранеше за Белгија.
„Рекорд“ објави дека Мурињо на преставнците на Бенфика им рекол дека внимателно ќе ги следи настапите на младиот голман.
Поради тоа Португалците велат дека кариерата на Свилар во Бенфика ќе биде кратка бидејќи Мурињо редовно купува во овој клуб.
Летово од Бенфика на „Олд Трафорд“ се преселија Виктор Линделоф и Алекс Грималдо, а претходно како менаџер на Челси тој во Лондон го донесе Немања Матиќ.
„Кориере де мања“ тврди дека Мурињо директно раговарал со претседателот на Бенфика Луис Фелипе Вијера, а покрај Мурињо со првиот човек на Бенфика се сретнал и легендарниот Боби Чарлтон.
Португалските медиуми се согласуваат дека Мурињо го „резервирал“ Свилар.