Top Sport

Мурињо го сака Де Хеа во Рома

Португалскиот стратег Жозе Мурињо веднаш штом се обелодени дека е нов кормилар на Рома во новата сезона побарал во летниот преоден рок на „Олимпико“ да го доведат голманот на Манчестер Јунајтед, Шпанецот Давид де Хеа.

Репрезентативецот на „Фуријата“ би требало да ја зголеми конкуренцијата во тимот на таа позиција. Швеѓанецот Робин Олсен се враќа во Рома од позајмицата во Евертон, на Антонио Миранте му истекува договорот, а Пау Лопез има повреда на рамото.

Мурињо добро ги познава квалитетите на Де Хеа, работеа заедно во Јунајтед.

Давид де Хеа во Манчестер Јунајтед стигна во 2011 година за 22 милиони евра што тогаш беше рекорден трансфер за голман во Премиерлигата. Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ е до јуни 2023 година.

Scroll to Top