Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, во зимскиот преоден рок сака одбраната да ја засили со српскиот репрезентативец од Фиорентина, Никола Миленковиќ, пишува Скај спорт.
Според овој извор, Миленковиќ подолго време е следен од скаутите на Јунајтед и самиот Мурињо. Тренерот на „црвените ѓаволи“, поради овој играч го гледаше мечот во Лигата на Нации помеѓу Црна Гора и Србија, во Подгорица.
Проблем за трансферот може да претставува договорот кој Миленковиќ го има со Фиорентина, бидејќи истекува во 2022 година.
Конкуренти на Манчестер јунајтед за потписот на 21-годишниот фудбалер ќе му бидат Јувентус, Челси и Атлетико Мадрид.
Се шпекулира дека Фиорентина нема намера да го продаде Миленковиќ за сума помала од 55 милиони евра. Првиот човек на „виолетовите“, Марио Коњини, неодамна изјави дека одбил понуда за Миленковиќ од 40 милиони евра.
Српскиот репрезентативец стана пристигна во Фиорентина, во 2017 година од Партизан. Белградскиот клуб од трансферот заработи 5,1 милиони евра.