Top Sport

Мурињо го убедил Абрахам да потпише за Рома

Жозе Мурињо го добива своето посакувано засилување во Рома, откако успеал да го убеди фудбалерот на Челси, Теми Абрахам да дојде на „Олимпико“ во договор од 40 милиони евра, јавуваат британските медиуми.

Англичанецот веќе денеска ќе пристигне во Рим со спортскиот директор на клубот, Тијаго Пинто да го потпише договорот, откако беше на клупата во саботниот меч против Кристал палас, кој „сините“ го добија со 3:0.

Во договорот со Рома, Челси поставува и клаузула за повторно купување на англискиот репрезентативец за 80 милиони евра, која ќе биде активна по 2023 година. 23-годишниот Абрахам чекаше понуда од Арсенал, клуб за кој тој и неговото семејство навива, но Жозе Мурињо со личното инсистурање го убедил да дојде во Рома.

Scroll to Top