Top Sport

Мурињо го убедува Ндомбеле да дојде во Рим

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо се обидува да го убеди Танги Ндомбеле да го прифати трансферот во италијанската престолнина, откако стана јасно дека менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте не смета на Французинот по неколку месеци на клупата.

25-годишниот Ндомбеле, според „Телефут“ веќе разговарал со Мурињо, кој се обидувал да го убеди да дојде во Рим како уште едно засилување од Премиерлигата за „волчицата“, посебно бидејќи средниот ред на Рома е „тенок“.

Тотенхем бараат околу 30 милиони евра за Ндомбеле, но Рома би сакала позајмица до крајот на сезоната со опција за купување, или купување на рати, како што се договорија за Теми Абрахам со Челси.

Scroll to Top