Жозе Мурињо му се јавил на Кристијано Роналдо да разговараат за неговата иднина, нудејќи му место во Рома доколку сака да ги заддржи даночните олеснувања со останување во Италија по шпекулациите дека сака да замине од Јувентус.
Договорот на Роналдо со „старата дама“ истекува во јуни 2022, но повеќе месеци во Италија има шпекулации дека тој сака да замине од Торино, кои се зголемија по враќањето на Масимилијано Алегри, тренер со кој немаше најдобра соработка.
Според весникот „Ла Стампа“, неговиот португалски сонародник и поранешен тренер во Реал Мадрид, Жозе Мурињо му се јавил да го поздрави пред враќањето во Италија како тренер на Рома и да му ја понуди „волчицата“ како опција, иако за тоа постојат многу проблеми.
Според нивните извори Роналдо заедно со неговиот агент Жорге Мендеш го преферираат враќањето во Манчестер јунајтед и покрај тоа што во Италија има големи даночни олеснувања. Неговата годишна плата од 31 милион евра годишно ќе претставува проблем за Јунајтед и за најбогатите клубови и секако за Рома.