„Тутомеркато“ тврди дека Хенрих Мхитарјан ги решил проблемите со новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо и решил да остане во италијанскиот клуб.
Мурињо и Мхитарјан се судрија кога двајцата беа во Манчестер јунајтед, и Ерменецот потоа имаше неколку остри коментари за португалскиот тренер, и се веруваше дека ќе побара трансфер откако беше потврдено дека Мурињо ќе го замени Пауло Фонсека следната сезона.
Договорот на Мхитарјан со Рома завршуваше на крајот на сезоната, иако во него има клаузула за автоматско продолжување ако има над 20 настапи во сезоната, а Ерменецот одигра 45 меча и постигна 14 гола за „волчицата“.