Top Sport

Мурињо и Рома со емотивно збогување со Џанлука Вијали

Рома на своите социјални мрежи објави емоционално видео по смртта на Џанлука Вијали, на кое тренерот Жозе Мурињо и капитенот Лоренцо Пелегрини зборуваа за поранешниот фудбалер на Челси и Јувентус пред целиот тим.

„Јас го познавав добро, а сите вие кои бевте дел од италијанската репрезентација го знаевте уште подобро. Секако, ќе има минута молк во недела, но ќе го направиме тоа и сега, бидејќи мислам дека тоа го заслужува и поради неговите италијански пријатели“, вели Мурињо во видеото.

Scroll to Top