Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, рекол дека Златан Ибрахимовиќ може да игра и како „десетка“, а не само во шпицот на нападот.
Мурињо, во пресрет на натпреварот со Лестер, рекол дека Швеѓанецот е физички одлино подготвен и дека ќе добива поголема минутажа. Ибрахимовиќ неодамна се врати во тимот по тешката повреда, а во вторникот, против Брисот го постигна првиот гол во сезоната.
„Против Бристол во второто полувреме, кога влезе Лукаку, Ибрахимовиќ играше како класична ‘десетка’, додека вистинска ‘деветка’ беше Лукаку“, ја опишал својата формација 4-2-3-1 португалскиот стратег.
„Знам дека мина низ период во кој ја загуби силата, но постои простор да игра зад напаѓачите, тој на таа позиција се чувствува конфорно“, дополнил Мурињо.