Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо му порача на својот поранешен клуб Реал Мадрид да „размислуваат за друг играч“ и да не се обидуваат да го донесат Давид де Хеа во Мадрид и покрај тоа што во август 2015 година, тој беше на чекор до „кралскиот клуб“.
Реал постојано покажува интерес за шпанскиот голман, но откако пропадна неговиот трансфер во 2015, тој потпиша нов договор со „ѓаволите“ за да остане до летото 2019 година, со опција за продолжување за уште една година.
„Според мене, Давид останува во Манчестер. Не ги знам намерите на Реал Мадрид, но да бев на нивно место, би размислил за друг играч“, вели Мурињо за шпанскиот ТВ канал „Ла секста“.
Мурињо беше тренер на Реал од 2010 до 2013 година.
Фото: ЕПА