Top Sport

Мурињо имал договор со Ливерпул, а потоа му се јавил Абрамович

Жозе Мурињо во 2004 година имал договор со Ливерпул да го наследи на клупата Жерар Улие. Ливерпул барале 15 дена да за ја официјализираат соработката, што го искористил Роман Абрамович сопственикот на Челси.

Оваа анегдота ја открива францускиот новинар Николас Вилас во својата книга Mourinho: Behind the Special One, from the origin to the glory”.

Новинарот пишува дека во април 2004 година, пред четврт-финалните натпревари на Порто против Лион, тогашниот менаџер на Мурињо, Жорге Баидек, одржал состанок со челниците на Ливерпул.

„Мурињо требаше да оди во Ливерпул. Тогаш за трансферите беше задолжен Рик Пери, со него постигнавме договор. Побараа од нас да почекаме уште 15 дена бидејќи Жерар Улие се уште беше тренер на Ливерпул“, рекол Баидек за ЕСПН.

Меѓутоа во тие 15 дена се појавил Жорге Мендеш во има на Челси со финансиски многу подбра понуда од онаа што ја имале Ливерпул.

Мурињо со новиот сопственик на Челси, Абрамович, се сретнал на почетокот на мај пред полу-финалето кое Порто таа година го играше со Депортиво ла Коруња. Вториот пат Мурињо го сретнал Абрамович на неговата јахта во Монако, откако ден претходно со Порто стана шампион на Европа.

Понудата на Абрамович била таква што Мурњо веднаш заборавил на договорот со Ливерпул.

Scroll to Top