Top Sport

Мурињо: Jас го заслужив отказот, но сега Јунајтед е уште полош

Жозе Мурињо признава дека заслужил да добие отказ од Манчестер јунајтед, но додава дека ниту под Оле Гунар Солскјер, „ѓаволите“ не се подобра екипа.

Јунајтед загуби со 2:0 од Вест хем во неделата, резултат со кој паднаа на осмото место во Премиер лигата, продолжувајќи со неубедливите игри. Клубот беше на шесто место кога Мурињо доби отказ минатиот декември, кога навивачите беа незадоволни од дефанзивниот стил на игра. Под Солскјер, пак, Јунајтед оваа сезона само еднаш постигнаа повеќе од еден гол на натпревар – против Челси во првото коло (4:0).

„Јас не сум човекот кој треба да одговара на тие прашања. Но, тие заостануваат. Тешко ми е да дадам одговор. Бев таму две сезони и можав да го почувствувам правецот во кој се движевме, но третата сезона не беше добра. Добив отказ, најверојатно го заслужив бидејќи тоа беше моја одговорност, но тажната реалност е дека сега се полоши. За мене тоа е тажно. Можеби некој смета дека јас уживам во оваа ситуација, но воопшто не е така. Имам многу љубов кон луѓето таму, кон навивачите. Тажно е кога тимот е досаден, но со досадна игра можеш барем до резултати. Сега не гледам ништо. Ќе имаат проблеми да бидат не само во топ 4, туку во топ 6“, вели Мурињо.

Scroll to Top