Жозе Мурињо вели дека неговиот клуб Манчестер јунајтед мора да се инспирира од Роџер Федерер пред дуелот од Лигата на шампионите во среда во Берн против Јанг Бојс.
Јунајтед го отвараат својот настап во ЛШ во Берн на вештачка подлога, и Мурињо вели дека неговите фудбалери не треба да се жалат туку да се адаптираат, и тоа како Федерер, кој игра на трева, земја и хардкорт подлога.
„Не сакам да го користам тоа како изговор, посебно пред мечот. Сите знаат дека е поинаку да се игра на вештачки терен и го кажав тоа на состанокот на УЕФА. Но, ние сме во Швајцарија, земјата на еден од најдобрите тенисери во историјата. И сигурен сум дека големиот човек, понекогаш не е среќен да игра на одредена подлога, но мора да го прави тоа и мора да победува. Исто и ние“, вели Мурињо.