Top Sport

Мурињо и Јунајтед рекордот ќе го рушат против Гвардиола и Сити

Манчестер јунајтед во саботата стигна до тешка победа над Брајтон од 1:0, со што се израмни клупски рекорд во богатата историја на клубот од „Олд Трафорд“.

Јунајтед сега имаат 39 последователни меча без пораз во сите натпреварувања на својот стадион, рекорд кој е поставен во 1964/65 под легендарниот менаџер Мет Базби, што значи дека ниту Сер Алекс Фергусон не бил толку доминантен на „Театарот на соништата“.

Во вторник навечер Манчестер гостува кај Ватфорд, додека и следниот викенд има гостување, кај Арсенал. Следен домашен меч е дури на 10 декември, кога ги пречекуваат лутите градски ривали и лидерите во Премиер лигата, Сити во манчестерското дерби.

Сити ќе дојдат на „Олд Трафорд“ со дефанзивни проблеми, бидејќи веќе уште сега се знае дека Бенжамин Менди и Џон Стоунс ќе бидат во „аут“.

Scroll to Top