Top Sport

Мурињо до Керик: Имаме столче за тебе

На Мајкл Керик ќе му биде понудена работа во Манчестер јунајтед кога ќе реши да се повлече од фудбалот, вели менаџерот на Жозе Мурињо додавајќи: „Тој знае дека имаме столче за него“.

36-годишниот Керик, фудбалерот со најдолг стаж во сегашниот тим на Јунајтед, во петокот откри дека заминал на операција за аритмија на срцето по неговиот единствен настап оваа сезона (на 20 септември против Бартон), но дека планира да се врати на теренот и да го отслужи договорот кој му завршува следното лето.

Мурињо вели дека тој сигурно ќе остане на „Олд Трафорд“ со некоја поинаква улога.

„Мајкл како личност е многу поважен од Мајкл како фудбалер. Ќе му дадеме време да се опушти, да се опорави и сам да ја донесе одлуката кога сака да игра и кога сака да сопре. Од мене лично, знае дека во тренерскиот тим имаме столче за него, кога ќе го посака. Јас го сакам тоа, бордот го сака тоа, а верувам дека и навивачите го сакаат тоа“, вели Мурињо.

Керик има 459 настапи за Јунајтед откако дојде од Тотенхем во 2006 година, и освои пет титули од Премиер лигата, една од Лигата на шампионите и една од ФА купот со „црвените ѓаволи“.

Керик се опоравува од операција на срцето

Scroll to Top