Жозе Мурињо повторно влезе во „крстоносна војна“ со своите критичари, кои се подготвени да го „убијат“ доколку тој не победува.
Мурињо го предводеше Манчестер јунајтед до финалето на ФА купот по победата над Тотенхем и ќе играат на „Вембли“ против Челси за единствената титула оваа година, откако Манчестер сити „избега“ со титулата во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите загубија во осминафиналето од Севилја.
Португалецот тврди дека критичарите секогаш чекаат најмала грешка за да го нападат без основа.
„Кога не победувам, ќе ме убиете. Бидејќи често победувам, кога нема да победам, сите сте подготвени да ме убиете“, тврди Мурињо.
Јунајтед е на 16 поени зад Манчестер сити, но Мурињо вели дека клубот треба да има барем осум поени повеќе по неочекуваните порази од Вест Бром, Хадерсфилд и Њукасл и ги предупреди играчите да го кренат нивото за да бидат ривали на тимот на Пеп Гвардиола следната сезона.
„Постојано велам дека треба да имаме осум, девет, десет поени повеќе. Можевме да ја завршиме сеозната со 90 поени. Дали можеме да бидеме подобри следната година? Да се обидеме. Дали Манчестер сити можат да го задржат ова ниво или да бидат подобри? Само тие може да кажат. Но, сигурно нема да биде лесно“, вели Мурињо.
Фото: ЕПА