Top Sport

Мурињо контра Солскјер за трофеите: Не верувам дека Сер Алекс го учеше така

Оле Гунар Солскјер неодамна изјави дека освојувањето на трофеи понекогаш е работа на „егото“ и дека вистинскиот прогрес се гледа во позицијата на лигашката табела, но неговиот претходник на клупата на Јунајтед, Жозе Мурињо не се согласува.

Мурињо освои две титули со Јунајтед (ФА куп и Лига Европа) во три сезони, додека засега Солскјер не може да се пофали со трофеј.

„Тоа е негово мислење. Сигурен сум дека неговиот голем шеф Сер Алекс Фергусон поинаку размислуваше за тоа. Слобода на мислења, слобода на идеи, и ако мисли така тогаш нека биде. Не е проблем за мене, бидејќи не се однесува без почитување. Но, мислам дека најголемиот во историјата на Премиер лигата имаше поинакви размислувања за титулите“, вели Мурињо пред денешната пресметка меѓу Тотенхем и Јунајтед.

Фергусон, секако, е најуспешниот менаџер во историјата на Премиер лигата и во 26 години на „Олд Трафорд“ освои дури 38 трофеи.

Scroll to Top