Top Sport

Мурињо: Копа Италија е најлошото куп-натпреварување во Европа

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, никогаш не се воздржувал да даде контроверзна изјава, така што не изненадува што откако стигнаа до 1:0 победа над Џенова во осминафиналето на Купот на Италија, го нарече натпреварувањето најлошо во Европа.

„Прво, би сакал да го освојам Копа Италија, еднаш го освоив кога играв против Рома, сега сакам да го освојам со Рома во Рим! Но, ова е најлошиот куп во Европа, бидејќи не ги заштитува помалите клубови. Нема шоу. На пример, Торино, кои победија на теренот на италијанскиот шампион Милан, а сега следното коло повторно ќе го играат на гости, навистина не го разбирам тоа. Ние игравме против тим од Серија Б пред полн стадион, но ако има празни стадиони треба да се сфати зошто е така. Каде е убавината во Копа Италија? Би било убаво да играме на терен на некој клуб од Серија Б или Серија Ц, во другите земји го има тоа. Следниот меч ќе го играме или во Наполи или дома против Кремонезе. Нели е тоа чудно?“, вели Мурињо.

Scroll to Top