Top Sport

Мурињо мислел ќе зборува за трансфери, но добил отказ!

Жозе Мурињо во вторникот наутро се подготвувал за состанок со извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудвард мислејќи дека ќе зборуваат за трансфер активностите во јануари и бил апсолутно шокиран кога тој му го врачил отказот.

Според „Сандеј Тајмс“, Португалецот бил целосно изненаден кога Вудвард му ја пренел одлуката на бордот на Јунајтед да ја прекинат соработката. Покрај тоа, барен еден фудбалер кој имал постојано место под Мурињо му се јавил на телефон на Вудвард по 3:1 поразот од Ливерпул и јасно му порачал дека „Жозе мора да замине“.

Мурињо доби отказ во вторникот по две и пол години на чело на клубот, период во кој тој имаше несогласувања со Вудвард, но и секогаш апсолутна поддршка од управата на клубот. Сепак, семејството Глејзер, сопствениците на Јунајтед, решиле да интервенират и да ги исплатата 24-те милиони фунти на Мурињо во обид да се „спаси“ сезоната и да се квалификуваат за Лигата на шампионите следната сезона.

Според „Сандеј Тајмс“, главните причини за одлуката биле начинот на кој Јунајтед загуби од Ливерпул, оставањето на Пол Погба на клупата и негативната атмосфера во соблекувалната.

Scroll to Top